понеделник, 15 декември 2025

Црвен метеоаларм на УХМР, утре екстремно топло време

Управата за хидрометеоролошки работи издаде црвен метеоаларм за утре, за опасност од екстремно топло време. Се очекува температурата да достигне до 42 Целзиусови степени. Tоплиот бран од југ се очекува да трае до сабота.

Објавено на

часот

Сподели

Под влијание на топол бран до сабота (26  јули) времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули и ќе биде во интервал: југозападен, источен и североисточен регион од 34 до 38°C, полошкиот регион од 32 до 38°C, Пелагонија 38 до 40°C и Скопски, Вардарски и југоисточен регион од 38 до 42°C.

Црвеното предупредување важи за целата територија на Македoнија.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло, со дневна температура која ќе биде во интервал од 35 до 42 Целзиусови степени.

Највисока температура од 41 степен денеска се иземерени во Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци и Демир Капија, додека 40 степени се измерени на Зајчев Рид во Скопје и во Гевгелија. Како што информираат од УХМР, 39 степени се измерени во Битола, Штип и Струмица, 38 во Тетово и во Виница, 37 во Прилеп, 36 во Крива Паланка, 35 во Охрид и Претор, 34 во Берово, 31 во Крушево и во Маврови Анови, 30 во Лазарополе и 26 на Попова Шапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ