Во соопштението се потсетува дека поројните врнежи од дожд и эполемениот водостој на реките предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во Кичевскиот регион. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението во Кичево. Евакуирани се околу 110 лица од загрозените подрачја.
На терен, се додава во соопштението, активно се ангажирани волонтери на Црвениот крст, со потребната техничка поодршка, кои постојано ја следат состојбата и одговараат на потребите на населението.
„Дополнително сите заинтересирани граѓани и компании може да донираат парична помош на сметката на Фондот за солидарност на Црвен крст – 300000001327866 ДБ 4030984271620 Комерцијална банка, со назнака помош на настраданото население во Кичево, со цел обезбедување дополнителна поддршка во наредниот период“, додаваат од Црвен крст.






