Цистерната во Облешево ќе биде поставена пред зградата кај „Жито маркет“ и ќе биде достапна од 8 до 11 часот, информираат од Локалната самоуправа на Општината Чешиново – Облешево, каде во текот на изминатиот викенд повеќе населени места беа изложени на низа проблеми од водената стихија, предизвкана од неколкудневните обилни дождови.
Во Чешиново, граѓаните ќе можат да земат вода од цистерната што ќе биде лоцирана пред Домот на културата, односно паркот, во периодот од 11 до 14 часот.
Надлежните апелираат граѓаните кои ќе полнат вода со себе да понесат соодветни садови.






