понеделник, 22 декември 2025
Локални избори 2025

Чонески: Крушево е симбол на историја и гордост која треба да стане двигател на нов развој

Секој од нас носи своја визија, своја сила и свој стремеж. Но тие стремежи не смеат да останат само желба, Крушево треба да им даде живот. Тоа е мојата задача, тоа е мојата одговорност кон вас!, вети денеска на почетокот на изборната кампања кандидатот за градоначалник на Крушево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Нико Чонески.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Знам дека нема секогаш да биде едноставно. Ќе се појавуваат пречки и ќе има моменти кога ќе биде тешко. Но сигурен сум, ако сме заедно, ќе успееме! Доаѓа време кога повеќе нема да се прашуваме дали може подобро. Тоа подобро ќе стане нашето секојдневие, во секое маало, во секое населено место од нашето Крушево. Крушево е симбол на историја и гордост. И таа гордост треба да стане двигател на нов развој, сигурност и надеж“, рече Чонески.

Тој на крушевчани им вети многу вложен труд.

„Ветувам дела и конкретни проекти. А она што ќе го ветам, ќе биде исполнето! Нашиот успех ќе биде вистински само ако е заеднички. Затоа ве повикувам да застанеме еден до друг и да изградиме Крушево кое ќе го оставиме како најголемо наследство на идните генерации. Со љубов и посветеност кон Крушево, започнуваме нова победничка приказна!“, изјави Чонески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ