недела, 14 декември 2025

Чомбе нуди 3.000 евра награда за информации за нарачателот на палењето на неговото БМВ

Поранешниот директор на Зоолошката и претседател на скопската организација на СДСМ , Ѓорѓи Галетановски Чомбе нуди награда од 3.000 евра за оној кој ќе му открие кој е извршителот или нарачателот на палењето на неговиот автомобил. Преку социјалните мрежи тој се заблагодари на сите кои му дале поддршка по вчерашниот пожар и вели дека ќе направи се за да им помогне на ограните на прогонот да се спрешат криминални дејствија.

Објавено на

часот

Сподели

„За жал некогаш треба да ни се случи лоша работа за да видиме кој е до нас. Фала ви другари за поддршката и за сите пораки и повици и извинете што навистина не беше можно на сите да вратам и кренам. Не ви го заборавам ова и на сите ви должам. Ме знаете добро јас не ги делам другарите ни по вера ни по партија, никогаш не се сменив и нема да се сменам. Помагав и ќе помагам на кој можам без да се фалам така и ќе продолжам. Од денес натаму ќе направам се да дознаам и помогнам органите да спречат криминални дејствија да го зимаат мирот на граѓаните. А ќе се дознае, тоа сум сигурен. Доколку било кој знае веродостојна информација за извршителот или нарачателот нека ме контактира, ќе биде награден со 2-3илјади евра“, напиша Галетановски на Фејбук.

Вчера после полноќ беше запалено БМВ-то на Галетановски, а пожарот зафати и други автомобили.

„Денеска (09.09.2025) во СВР Скопје е пријавено дека на ул. Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓ.Г.(43) од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила опел со скопски регистарски ознаки сопственост на Е.К.(30) од Скопје и форд со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(47) од Скопје“, соопштија вчера од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ