четврток, 18 декември 2025

Членовите на Советот на јавните обвинители денеска ќе изберат в.д. државен јавен обвинител

По оставката на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, денека Советот на јавните обвинители треба да определат вршител на должноста на таа функција.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката за определување на вршител на функцијата јавен обвинител на Јавното обвинителството на Македонија е единствена точка на дневниот ред на седницата на Советот на јавните обвинители.

Според членот 25 став 3 од Законот за Јавното обвинителство вршителот на фуникцијата треба биде определен од редот на јавните обвинителите во Јавното обвинителство на Македонија. Тој што ќе биде определен, функцијата ќе ја врши до изборот на нов државен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.

Обвинители во ЈО на Македонија е Анита Тополова-Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски.

Во Собранието сè уште не е почната постапката за избор на нов државен јавен обвинител. Законодавното тело најпрво треба да распише оглас за  избор на државен обвинител.

Коцевски пред два дена, неколку часа пред почетокот на едницата на Собранието на која на дневен ред беше предлогот на Владата за негово разрешување, поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Коцевски тогаш изјави дека од функцијата заминува со гордо крената глава, но и со разочараност поради, како што наведе, очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ