Во потрагата учествуваат вработени во МВР Штип, во локалната самоуправа Штип и други институции и служби, здруженија и граѓани.
Лицето последен пат било видено во саботата на 5 април. Вчера повторно е пребаруван теренот околу селото Степанци и околу другите блиски села.
Денеска се очекува во потрагата да се вклучат извидници од Штип, дел ловци од ЛЗ „Ловец“ од Штип, а ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“, директно на нивна територија вршат пребарување и индиректно – преку редовно прегледување на снимките од камерите на терен. Инаку и жители од околните села во тој реон самостојно вршат претага во атарот на нивните села, соопшти Центарот за управување со кризи.