- Зошто е важно да зборуваме за машкото ментално здравје?
- Кои факторите влијаат на менталното здравје кај мажите?
- Кои се начините да се препознаат знаците на менталните предизвици и каква поддршка може да биде достапна за нив.
На 20ти ноември 2025 година, во 19 часот, во просториите на Нетавил (новите згради спроти Машинскиот факултет), Ве покануваме да присуствувате на отворена дискусија за машкото ментално здравје.
Нашите специјални гости, кои ќе дадат одговор на овие прашања и ќе споделат корисни совети и стратегии за мажите, се:
- Кирил Тројачанец – психолог, психотерапевт
- Димо Попчев – психолог, психотерапевт
Отворената дискусија е првиот чекор кон создавање на средина во која мажите можат да зборуваат за предизвиците и грижата за сопственото ментално здравје.
Настанот е отворен за сите заинтересирани. Ве покануваме да ни се придружите во оваа важна иницијатива и заедно да ја подигнеме свеста за машкото ментално здравје.
Хуманата страна на Мовембер
Покрај едукативниот карактер, настанот има и хуманитарен аспект. Заедно, преку донации, да му помогнеме на Ивица Попоски од Охрид.
Ивица се бори со тешка хронична болест на бубрезите (стадиум 5) и оди на хемодијализа од 2016 год.
Поради итна операција и лекување во Турција, потребна му е финансиска помош за да може да ја подобри својата здравствена состојба. За ова операција потребни се минимум 35.000 евра!

Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, е многу значајна за него и неговото семејство.
За време на нашиот настан за грижа на машкото здравје ќе бидат поставени донаторски кутии, каде што секој може да даде свој придонесе.
Исто така, отворени се сметки и телефонски линии за донации:
Трансакциска сметка
Комерцијална Банка
С-ка: 300017121388653 на име Ivica Poposki
Девизна сметка 02-307-0699762.3
Број за донација Телеком МК 143107
Број за донација А1 143474
За време на нашиот настан за грижа на машкото здравје ќе бидат поставени донаторски кутии, каде што секој може да даде свој придонесе.
Да направиме мал придонес во негово брзо оздравување да му овозможиме на Ивица безгрижно да продолжи да чекори низ животот и да се радува и забавуав со своите деца.
Се гледаме!
Настанот се организира со поддршка на Лајонс Дистрикт 132 Македонија и Нетавил.






