„Од почетокот на месецов, во четири наврати, со физичка сила и алат го кршеле катанецот со кој била затворена капијата на објектот, а потоа влегувале внатре и одземале машини и други предмети во вкупна вредност од 1.239.000 денари. Потоа, уште еднаш на 14 април двајца од нив дошле пред објектот, ја обиле металната капија и се обиделе да одземат парчиња лим, но биле забележани и задржани на лице место од вработените“, информира ЈО.
За сите нив јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.