понеделник, 15 декември 2025

Четворица осомничени за напад врз полицаец во Скопје, меѓу нив и едно дете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против три лица, осомничени дека заедно извршиле кривично дело напад на службено лице при вршење работи на безбедноста. Тројцата соизвршители, заедно со уште едно дете против кое ќе се води соодветна постапка согласно Законот за правда за децата, на 5 август во вечерните часови, на улицата “Босна и Херцеговина” во Скопје нападнале тројца полицајци.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

“Полицајците постапувале по дојава дека на наведена локација има вооружени лица со автоматски пушки. Се обиделе да ги легитимираат осомничените, но тие одбиле и физички ги нападнале полицајците, удирајќи ги со боксови. Полициските службеници успеале да ги совладаат и ги привеле“, соопштија од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, предложил на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ