Според обвинителството, на 14 февруари 2025 година осомничените заеднички се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче, со кое еден од нив претходно се познавал. Детето било однесено на локација надвор од селото Криволак, каде, според сомнежите, осомничените извршиле повеќекратно кривично дело врз жртвата, по што ја вратиле назад во Неготино.
Случајот во полицијата е пријавен на 28 јануари годинава. Во текот на претходната постапка, осомничените биле обезбедени со мерки на претпазливост. Со отворањето на истрагата, јавниот обвинител побарал од надлежниот суд тие мерки да бидат заменети со ефективен притвор, имајќи ја предвид тежината на кривичното дело и прибраните докази.
За делото за кое се сомничат е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.






