вторник, 27 јануари 2026

Честитки за денот на Свети Сава од собранискиот спикер Гаши до српската заедница во Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши упати честитка до српската заедница во земјава по повод денот на Свети Сава.

Објавено на

часот

Сподели

Во честитката се наведува дека во името на законодавниот дом и во духот на почитувањето, тој упатува честитка до српската заедница, нагласувајќи дека овој ден треба да биде потсетник за меѓусебното почитување, дијалогот и соживотот во нашето мултиетничко општество.

„Во име на Собранието на Република Македонија, во духот на почитувањето на правата и различностите, упатувам честитки до српската заедница во РМ по повод Денот на Свети Сава. Нека овој ден биде потсетник за важноста на меѓусебното почитување, дијалогот и соживотот во нашето мултиетничко општество. Само врз основа на овие вредности може да се обезбеди демократското функционирање на државата и соживотот на граѓаните“, се вели во честитката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ