Во соопштението се наведува дека од ЗНАМ изразуваат уверување дека билатералните односи меѓу Република Македонија и Унгарија ќе продолжат да се развиваат со засилен интензитет и ќе се унапредат на уште повисоко ниво.
Според нив, соработката ќе биде водена од заедничките европски вредности, принципите на демократијата и меѓусебната поддршка.
Од ЗНАМ потенцираат дека традиционалното пријателство меѓу двете држави претставува цврста основа за понатамошно продлабочување на односите, како и за заеднички придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот.






