понеделник, 19 мај 2025

Честитка од рускиот патријарх Кирил до поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан

Патријархот Московски и на сета Русија г.г. Кирил вчера упати честитка до архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод неговиот 70-ти роденден. Во честитката објавена на официјалната интернет страница на Руската православна црква, што ја пренесува литургија.мк, патријархот Кирил му посакува на архиепископот Стефан здравје, душевен мир и уште многу години предстојателска служба.

Објавено на

часот

Сподели

За време на велигденските празници патријархот Кирил, им испрати велигденска честитка на поглаварите на помесните православни цркви, меѓу кои и на г.г. Стефан од Македонската православна црква – Охридска архиепископија, именувајќи го како „Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски“.

„Овој празник над празниците ги исполнува нашите срца со неискажлива радост, нè зајакнува во арената на земното скитање и нè поттикнува со непоколеблива сила и смелост да им ја објавиме на блиските и на далечните вечната утеха и добра надеж во благодатта (2. Сол. 2:16). Воскреснатиот Христос вам и на целото ваше богољубиво стадо нека ви подари мир и долг живот, испраќајќи добро здравје и својата обилна помош во вашите исконски подвизи. Со братска љубов во воскреснатиот Господ“, се вели во честитката на патријархот Кирил до архиепископот Стефан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ