„Дозволете ми, во мое лично име и во име на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, да ви упатам искрени честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан бајрам. Курбан бајрам е празник кој нè потсетува на вистинските вредности – пожртвуваност, солидарност, хуманост и грижа за ближниот. Тоа се доблести кои не само што го облагородуваат поединецот, туку го зацврстуваат соживотот и меѓусебното почитување меѓу различните верски заедници во нашата заедничка татковина. Нека празничните денови донесат мир, духовна исполнетост и разбирање меѓу луѓето. Нека Курбан бајрам биде потсетник за значењето на верата, семејството и добрината во нашето секојдневие“, пишува таа во честитката, со уверување дека ќе продолжи соработката во духот на меѓусебно почитување и соживот, посакувајќи здравје, благосостојба и Божји благослов за реисот и за сите верници од исламска вероисповед.