Индикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (ПМ₁₀) на мерното место во зоната на Трубарево, како што информираат од МЖСПП, се спроведени во периодот од 17 септември (09:30 часот) до 18 септември (09:30 часот).

Од Министерството велат дека мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар кој овозможува реално време следење на концентрациите на честички во воздухот, со селекција на фракцијата PM₁₀. За мониторинг беше користен инструмент ES-642, METONE, USA, сертифициран за индикативни мерења согласно MCERTS, UK.
Според резултати од мерењата просечна концентрација е 10.9 µg/m³, максимална измерена вредност 25.6 µg/m³, а моментална вредност: 16.5 µg/m³.
„Според добиените резултати, просечните концентрации на PM₁₀ честички се во рамките на дозволените граници и не е евидентирано надминување на граничните вредности. Концентрациите се движат во рамките на 24-часовната гранична вредност за заштита на здравјето на луѓето, согласно Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиентниот воздух (Службен весник на РМ“, бр. 183/17)“, се наведува во доопштението од Министерството.






