Како што информираа од ДЗС, чешката посада е веќе на терен и во секој момент се очекува да полета.
„Поради строгите армиски правила не се направени фотографии или видеа, истите ќе бидат направени во текот на денот додека хеликоптерот дејствува врз пожарот“, информираа од ДЗС.
Конвојот со 61 словенечки пожарникар со 18 возила, меѓу нив и специјални теренски возила со опрема за справување со шумски пожари, е во близина на Берово. Во текот на денот ќе бидат објавени и фотографии и видеа и од нивните активности“, информираа од ДЗС.

Оттаму најавија дека првата официјална изјава за денешната состојба со пожарите на отворен простор ќе биде околу 14 часот.
Претходно утрово од Центарот за управување со кризи објавија дека до 7 часот на територијата на Македонија регистрирани се три активни пожари, под контрола се пет, а изгаснати се 20.






