недела, 15 јуни 2025
Судење за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Чаурата–доказ од местото на убиството на Жежовски, не може да се вештачи од технички причини, тврди Обвинителството

На денешното рочиште од судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, уште на почетокот, првообвинетиот Љупчо Палевски ги донесе дополнително предложените докази. Истото го направи и Јавното обвинителство.

 

Објавено на

часот

Сподели

Еден од клучните докази за тврдењето на првообвинетиот Љупчо Палевски дека не е поврзан со двојното убиство на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска е наредбата и службената белешка за одземени видеа од камери, сопственост на хотел Романтик Велес.

„Сведокот на одбраната Стојан Кувенџиоски кој ги зел доказите ги потврди наводите за тоа колку лица се наоѓаат во ‘кангуто’ и ‘цитроенот’. Со белешката е утврдено дека при преглед на видеото е утврдено дека камерите број 1 и број 3 го покриваат регионалниот пат Велес -Скопје. При прегледот на видеата се забележува ‘кангуто’ како се движи од Велес кон Скопје и во него се забележуваат две лица, а во ‘цитроенот’ се забележува едно лице. Ова е докажан и утврден факт со видеосведочење кое ОЈО Скопје не го доставил во доказите, а доставени се девет други видеа. Во исказите обвинетите Велибор Манев и Влатко Кешишев и покрај спротивставените искази, кој во кое возило се возел, и двајцата потврдија дека никој не бил во задниот дел на „кангуто“, со што се потврдува дека во грабнувањето на Панче Жежеовски биле тројца, а не четворица како што тврди обвинителството“, рече Палевски.

За вториот доказ, чаурата, за која што Палевски бараше да биде вештачења, судијата Ивица Стефановски ја покажа обезбедената чаура како составен дел на доказите.

Обвинителство пак како дополнителни докази ги предложи одговорот на барање на податоци од ЈКП Дервен – Велес, дали обвинетиот Боре Видевски на 22.11.2023 и 27.11.2023 бил на работа за време на убиствата на Панче и Вања, како и листа со телефонски повици од 22.11.2023 и 27.11.2023.

Обвинетиот Боре Видевски не бил на своето работно место на денот на грабнувањето и убиството на Вања и Панче, воедно нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал обвинетиот, беше образложено од страна на Обвинителството на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче.

Обвинителката читајќи го известувањето кажа дека ЈКП Дервен потврдило дека на 22 и 27. 11.2023 Боре Видевски не бил на работа, согласно електронската евиденција на претпријатието.

Обвинителството прочита и известување на МВР во однос на тоа дали е извршено пробно пукање од пиштолот на Боре Видевски, заведено во полициската евиденција. Во известувањето се наведува дека од пиштолот на Боре Видевски нема податоци за извршено пробно испукување, како што налага законот. Ова од причина да се направи споредба на пиштолот на Видевски со карактеристики на пронајдената чаура во местото Рудник кај Велес, непосредно каде што е пронајден закопан Панче Жежовски.

Бојан Манев, адвокатот на Боре Видевски приговараше на доказот, известување на ЈКП Дервен дали Видевски бил двата критични дена на работа и побара истиот да биде изваден пред судот, но сепак тој ќе предложи свои докази. Другите обвинети не приговараа за овие докази на обвинителството и судот ги прифати.

Во врска со овој доказ на обвинителството, Палевски рече дека му посочува на судот дека барал вештачење на чаурата како доказ на одбраната и дека обвинителствто не треба да дава податоци дали постои потисок на ударна игла на конкретното оружје.

„Но наместо вештачење овде гледаме наредба за информации. Така што ова како доказ нема никаква употребна вредност, затоа што поседувам докази кои во оваа дополнителна доказна постапка ќе докажат дека 18 часа по пронаоѓањето на Жежовски, ОЈО било запознаено со ова оружје. Но тие документи на МВР не постојат во истражните списи. Зато ова не е изговор чаурата да не може да биде вештачена. Не ми смета овој доказ, но инсистирам на наредба за вештање на чаурата“ рече Палевски.

Судот го прифати и овој доказ на обвинителството.

За известувањето на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), обвинителството кажа дека во него пишува дека на 9.05.2025 БЈБ барало дополнително известување во врска со извештајот од анализата во однос на предметната чаура при извшениот увид во Велес.

„Овој доказ го предлагам поради околноста, дали карактеристиките на пронајдената чаура се совпаѓаат со карактеристиките на оружјето кое го имал Боре Видевски со калибар 9 милиметри. За пронајдената чаура е направена споредба со базата која ја поседуваат. Видно од известувањето, доставена е информација дека предметната чаура потекнува од муниција со калибар 9 милиметри, произведена од 2002 година. Истата поседува механички траги. Механичките траги се внесени во автоматска компарација и не се постигнати совпаѓања и поклопување на трагите, со внесените чаури во системот кои потекнуваат од кривично правни настани на територија на државата. Била направена и компаративна анализа и за пиштолот на Боре Видевски, доставени од полицијата во Велес, од 6 мај 2025 година, и се известува дека со оглед на тоа дека нема податоци за извршено пробно испукување не е направена споредба и се појаснува дека без доставени чаури од пробно испитување од конретното оружје не може да се врши компаративно испитување од предметната чаура“, појаснија од обвинителството зошто чаурата не може да се вештачи, како што бара Палевски.

И.О.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ