среда, 17 декември 2025
Локални избори 2025

Чартер летови за вториот круг

Најмалку 12 вонредни чартер летови беа реализирани викендов на скопскиот и на охридскиот аеродром. Денеска во Македонија се гласаше за вториот круг од локалните избори.

Објавено на

часот

Сподели

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид вчера слетаа шест авиони од Базел и Цирих, а утрово уште два лета од Цирих и Братислава.

На скопскиот аеродром вчера слетаа четири авиони од Цирих, Базел и Дортмунд и денеска еден од Диселдорф.

Капацитетот на авионите кои слетаа се меѓу 110 и 180 седишта.

Дел од патниците викендов споделија бројни видеа. Според информациите најголем дел од нив беа по потекло од Струга и Кичево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ