четврток, 26 февруари 2026

Чаир ги отвори вратите за претседателот на Албанија Бајрам Бегај

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го пречека претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, во рамки на неговата официјална посета на државава, при што Чаир беше првата точка од оваа државна посета.

Објавено на

часот

Сподели

Посетата, како што информираат од локалната самоуправа започна со институционален прием во просториите на Општина Чаир, каде што се одржа средба во духот на меѓусебно почитување и соработка. Во продолжение, програмата беше насочена кон историската и културната симболика на Старата чаршија, кулминирајќи со свечено положување цвеќе пред споменикот на националниот херој Ѓорѓ Кастриот – Скендербег.

„Денес Чаир покажа институционално достоинство и традиција на гостопримство. Оваа посета ја потврдува нашата блискост со Албанија и посветеноста за продлабочување на соработката на сите нивоа“, истакнал градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ