Ова беше заклучено на денешниот работен состанок во Министерството за економија на групациите од мелничко-пекарската индустрија на коморите и нивните членови – Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, со заменик министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски.
„Министерството за економија и Владата, се заложија заеднички да се следи состојбата и во случај на влошување на ситуацијата со цените на нафтата и нафтените енергенти, заедно со мелничката индустрија да изнајдат заеднички решенија за да се релативизирала опасноста во оваа индустрија од зголемување на цените. Исто така, мелничко-пекарска индустрија до сите медиуми и политички чинители во Македонија замолува да не се користи оваа сложена ситуација со цените на лебот и пецивата за создавање паника и несигурност кај граѓаните, затоа што со тоа се наштетува и на граѓаните и на компаниите“, се вели во соопштенија од Стопанската комора и Сојузот на стопански комори.






