Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 39 Целзиусови степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа се очекува да достигне и 40 степени.






