Притоа, како што е наведено во соопштението, раст во наплатата е забележан по сите основи: наплатата на приходи од царина бележи раст од 8,9 проценти, од акциза 8 проценти, а наплатата на приходите од ДДВ при увоз бележи раст од 3,9 проценти.
„Зголемената наплата значи повеќе средства за јавни добра, кои ќе го поддржат растот на економијата – повеќе средства за здравство, образование, за патна инфраструктура“, велат од Царинската управа најавувајќи дека ќе продолжат со мерки за зголемување на ефикасноста и обезбедување стабилен раст на буџетските приходи.






