вторник, 17 март 2026

Царинска управа: Кривична пријава против цариници, пуштиле „мерцедес-мајбах“ со фалсификувани документи

Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „мерцедес-мајбах“ во 2023 година било регистрирано со фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари, соопшти Царинската управа.

Објавено на

часот

Сподели

„До ОЈО ГОКК е поднесена кривична пријава против две правни и седум физички лица за фалсификување исправа, фалсификување службена исправа, злоупотреба на службена положба и овластување, како и несовесно работење во службата. Увозникот, сега првоосомничен го набавил возилото во Германија и го внел во државата, по што се упатил кон царински терминал за спроведување на постапката за царинење. Царинскиот застапник, управител во шпедиција, сега второосомничен, со умисла да бидат наплатени помали увозни давачки изготвил фалсификувана фактура со пониска вредност и фалсификуван доказ за потекло со што би се овозможил преференцијален третман, односно царината да биде ослободена од плаќање. Потоа ги лажирал и останатите документи при што во делот на регистарски таблички ги внел оние што биле во важност пред увозникот да го купи возилото во Германија, а податоците за увозникот ги изменил со други. При увозно царинење на возилото наместо 3,9 милиони денари биле наплатени два милиони денари и со посредство на тројца царински и еден полициски службеник, возилото со фалсификувани документи било пуштено во слободен промет и регистрирано.

Царинските службеници опфатени со кривичната пријава, се товарат за слични дела и во други кривични пријави поврзани со увози на автомобили и истите се отпуштени од работа минатата година. По однос на утврдените избегнати давачки во конкретниот случај, изготвено е решение за дополнителна наплата, при што наплатени се 2,5 милиони денари, од кои 1,9 на име на основен долг и 600 илјади денари на име на камати.

Царинската управа почна со опсежни истраги на увози на автомобили во октомври 2024 година. Притоа во период од година до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесени вкупно 51 кривична пријава против 110 правни и 396 физички лица за криминал поврзан со 180 употребувани возила. Станува збор за кривични дела извршени во периодот од 2022 до 2024 година, со кои е нанесена директна штета врз Буџетот во износ од 41 милион денари“, соопшти Царинската управа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ