сабота, 10 мај 2025

Цариниците спречиле обиди за шверцување парфеми, тутун, брендирана облека…

На Меѓународниот аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да прошверцува во државата 76 парфеми. Патникот при пристигнување во државата се определил на зелен канал при што поради сомневање е селектиран на царинска контрола. При контролата во двата куфери кои ги носел со себе се пронајдени парфеми со потекло од Дубаи што патникот не ги пријавил.

Објавено на

часот

Сподели

На скопскиот аеродром кај патник кој требало да патува за Лондон биле пронајдени 260 пакувања од по 50 грама тутун.

Возач на камион се обидел во државата преку граничниот премин Табановце да шверцува соларен инвертер. Во обидот е спречен од Службата за мобилен скенер која при извршената контрола утврди дека во кабината има неправилности по што е извршен и физички преглед кога е пронајден соларниот инвертер.

На Табановце во куферите на еден од патниците кои патувале со автобус кој сообраќал на релација Скопје – Белград цариниците пронајдоа 129 парчиња суплементи Zeo Medic, додаток во исхрана. Суплементите се запленети, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.

Спречен е и обид за шверц на 3.150 ќесички маџун со додатоци, откако патник се обидел истите преку граничниот премин Богородица нелагално да ги внесе во државата. Лицето кое патувало со автомобил на прашање дали има нешто да пријави за царина одговорило дека нема ништо за пријавување. Поради сомневање возилото е селектирано за детален преглед при што во багажниот простор во три патнички куфери помеѓу личните предмети, е пронајдена непријавената стока.

Мобилен царински тим на Царинска испостава Табановце при контрола на камион, заплени 463 парчиња облека со потписот на Ралф Лорен, Диор, Бос и други модни брендови поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост.
На преминот Ново село патник се обидел да шверцува разна стока, меѓу која ножеви, клучеви, рибарски прибор, слушалки, машинка за стругање. Во намерата е спречен од царинските службеници кои при контрола на возилото, во багажникот и помеѓу седиштата ја открија непријавената стока, соопшти Царинската управа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ