Меѓу запленетата стока има и фотоапарати, цигари, дрога, автоделови, керамички плочки, облека…
„Во првиот случај привремено се задржани два употребувани фотоапарати Сони и Канон со објективи од 50 милиметри (мм) кои при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Брисел-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце, биле пронајдени сокриени во ќеса над првите седишта. Вредноста на апаратите е проценета на 87.300 денари, а избегнатите давачки се во износ од 20.864 денари. При контрола на стока со потекло од Кина наменета за фирма од Скопје, а пријавена за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија, откриени се 662,4 метри квадратни (м2), керамички плочки кои не биле опфатени со царинските документи“, информираа од Царинската управа.

Во друг случај, во делот за товар на возило пикап кој бил запрен за контрола во близина на граничниот премин Блаце, биле пронајдени 20 употребувани делови за БМВ X5 (хауба, браник, поткрила, полуосовини, зглобови, амортизери, врата, халогенки, фар, воздушно пернилче и друго…
„Царински инспектори од службата за мобилни скенери на влез во државата на граничниот премин Богородица откриле непријавени 11 штеки цигари без акцизни маркички под возачкото седиште, на задното седиште и во багажникот на автомобил. Вредноста на цигарите изнесува 12.262 денари, а избегнатите давачки се во износ од 21.830 денари“, соопштија од Царинската управа.
Покрај ова, Царината откри и 1.632 играчки со ознаки на заштитена трговска марка кои биле пронајдени при контрола на стока со потекло од Кина сместена во јавен царински склад и пријавена за увозно царинење. Играчките се задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Привремено се задржани и 39 парчиња облека и три женски чанти пронајдени во две кутии кои биле сместени на седиштата на патничко комбе кое се пријавило за влез во државата на граничниот премин Табановце. Вредноста на производите изнесува 137.000 денари а избегнатите давачки се во износ од 52.773 денари.
„Автобус со турски регистарски таблички е запрен на наплатната рампа Петровец и однесен до царинската испостава Скопје 4 со цел да се изрши детална контрола. Притоа е откриено дека внатрешноста на компресорот за климатизација е празна и прилагодена за криумчарење стока, а при личен претрес на сопатничка во автомобил на влез во државата на граничниот премин Табановце, пронајдени се два грама кокаин завиткани во најлонска кесичка“, соопштија од Царина.

Во два одвоени случаи од страна на царински службеници на граничниот премин Ново Село пак, откриени се -таг апарати и и турбина марка Боргварнер.
Откриени се 45 м-таг апарати за плаќање патарина кои биле сокриени во багажникот на автомобил пријавен за влез во државата. Вредноста на апаратите изнесува 69.255 денари а избегнатите давачки се во износ од 9.676 денари. Откриена е и една турбина марка Боргварнер 14G25-0037 е пронајдена во багажникот на автомобил пријавен за влез во државата. Вредноста на турбината изнесува 69.255 денари, а избегнатите давачки се во износ од 15.436 денари“, информираа од Царина.
На граничниот премин Богородица во два одвоени случаи откриение се 240 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка и 59 машки џемпери.
„Во првиот случај, при контрола на камион кој бил пријавен за влез во државата, пронајдени се 240 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка. Стоката е задржана поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост. Во вториот случај, во внатрешноста и во багажникот на автомобил, пријавен за влез во државата, биле пронајдени непријавени 59 машки џемпери“, се наведува во соопштението на Царинската управа.
Царински службеници на влез во државата на граничниот премин Дојран, откриле и 134 текстилни производи и 232 парчиња бижутерија. Стоката била пронајдена во ќеси кои биле сместени на задните седишта и во багажникот на автомобил. Вредноста на непријавените производи изнесува 47.270 денари, а избегнатите давачки се во износ од 17.882 денари.
На граничниот премин Табановце пак, пронајдени се 57 парчиња облека во две патни торби кои биле сместени во багажникот на автомобил пријавен за влез во државата. Вредноста на непријавената стока изнесува 98.500 денари, а избегнатите давачки се во износ од 35.946 денари.






