Според Царината, станува збор за увози извршени во периодот од октомври 2022 година до мај 2023 година, за кои осомничените – шпедиции и лиценцирани застапници, во договор со увозникот, стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки.
„Делото е откриено при контроли извршени од страна на инспектори од Одделението за контрола на трговски друштва, по што случајот е предаден на Одделението за истраги од каде против сторителите е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а воедно донесени и се решенија за дополнителна наплата. Царинската управа ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот“, велат од Царина.






