„Секој православен верски празник, им се приклучувам на многутте мои колеги кои денес не слават, а кои доброволно се јавуваат за дежурство за да се овозможи колегите кои слават да бидат со нивните најблиски. Соживот и меѓусебно почитување! Честит Бадник и Божиќ“, напиша на фејсбук министерот и лекар Бујар Османи.
Бујар Османи вчера на дежурство во бел мантил
Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа бил на работа, на дежурство во Клиничкиот центар каде што работи како лекар. Тој вели дека ова е традиција, да дојдат на дежурство лекарите кои не ги слават овие големи христијански празници, со цел да можат неговите колеги од православна вероисповест да бидат со нивните најблиски за време на божиќните празници. Вели дека тоа е во духот на соживотот и меѓусебното почитување.

Објавено на
часот





