„Постојат анкети кои се прават во моментов и тие се добри за мене, што значи дека граѓаните даваат поддршка за еден таков заеднички потфат. Сепак, мене лично ми е важно да седнам лице в лице со нив и да видам дали би влегле во широка коалиција за Чаир, бидејќи овие локални избори имаат повеќе импликации отколку само општинските прашања“, рече Османи.
Бујар Османи размислува да се кандидира за градоначалник на Чаир
Размислувам, веќе се разговара за тоа во партијата. Чаир е многу важна општина за ДУИ и за Европскиот фронт, меѓутоа сега сум во фаза на слушање на граѓаните, на соседите, на луѓето од маало, дали би влегле во еден таков потфат. Ова го изјави потпретседателот на ДУИ и поранешен министер, Бујар Османи, во гостување на емисијата „360 степени“ на МРТ, прашан дали ќе се кандидира за градоначалник на Општината Чаир на претстојните локални избори.

Објавено на
часот





