недела, 28 декември 2025
Локални избори 2025

Бујар Османи го призна поразот

Бујар Османи, кандидатот на ДУИ за градоначалник на скопската општина Чаир, вечерва преку фејсбук се заблагодари на неговите соработници на овие избори и на граѓаните кои гласаа за него и го призна поразот. Тој му честита на неговиот противкандидат од коалицијата Вреди, Изет Меџити.

Објавено на

часот

Сподели

„Најпрво би сакал да го изразам моето задоволство за денот на изборите. Оценувам дека имавме успешен ден на изборите, без големи забелешки, и верувам дека ова е важно да се нагласи.
Би сакал да ја изразам мојата благодарност до сите соработници во текот на целата кампања: од активистки и партиски и коалициски пријатели, поддржувачи… Сепак, во политиката, граѓаните го имаат последниот збор. Јас сум доволно долго во политиката за да ги препознаам и почитувам пораките што ги испраќаат граѓаните. Иако кампањата не беше ниту фер, ни легална во секој аспект, но не сакам да се жалам, бидејќи верувам дека чесноста и вредностите имаат смисла само кога ги одржувате дури и во вакви ситуации.
Честитки до мојот противкандидат и до целата коалиција што застана зад него, тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години.
На крајот, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство, тие го понесоа најголемиот товар од мојот политички ангажман, но оттаму добив и силна поддршка. За следните политички чекори, во наредните денови“, напиша Османи на Фејсбук.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ