недела, 14 декември 2025

Брвеница – тест за коалициските „визии“ на Касами и Мицкоски

Откако градоначалникот на општина Тетово и еден од лидерите на ВЛЕН, Биљал Касами јавно изјави дека не го поддржува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски за нов мандат во општина Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски вели дека е важно жителите на општина Брвеница да го поддржуваат градоначалникот. Имено, Касами, пред неколку дена на партиски собир повикал „Албанците да си ја врателе општина Брвеница назад“.

Објавено на

часот

Сподели

„Јас би упатил повик до опозициските партии, но и до независниот кандидат. Видовме во минатото да се повлекуваат и да покажуваат дека во Брвеница ќе го поддржат само кандидатот на граѓаните на Брвеница. Да го поддржат Хаким, ако сакаат да покажат дека се за тоа Албанците, кои се во оваа општина Брвеница, да се вратат и да бидат предводени од мнозинството на Албанците во Брвеница“, порачал конфузно Касами, но сепак се препознава пораката за „враќање на Брвеница на Албанците“.

Премиерот Мицкоски при денешната посета на Брвеница, упати критики за ваквите „фолклорни“ амбиции на Касами.

„Ја слушнав таа изјава на Биљал Касами. Сепак, за жал влегува во фолклорот на опозициската ДУИ и тоа без потреба. Мојата препорака до него е дека етничките поделби и тензии не се алатка за да се привлече внимание во јавноста и да се добијат гласови, туку треба да зборува во Тетово за проектите кои се направени со поддршка од Владата за сите граѓани. Овде во Брвеница, кандидатот на коалицијата ВЛЕН треба да зборува за проекти за жителите од Брвеница, а не да се гласа дали е Македонец или Албанец. Тоа е политика на минатиот век и сметам дека таа никому не му носи предност. Јовица е космополит човек и ја има поддршката од сите етнички заедници во Брвеница и по втор пат ќе биде градоначалник“, рече премиерот при посетата на општина Брвеница.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ