понеделник, 15 декември 2025

Бројот на активни пожари низ државата се намалува, но пожарникарите и натаму се на терен

Бројот на активни пожари низ државата се намалува, но теренот и понатаму бара сериозна мобилизација. Благодарение на ангажманот на сите екипи на терен, дел од пожарите се ставени под контрола или целосно изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

До 13 часот се регистрирани вкупно 15 пожари. Од нив, седум се сè уште активни, четири се под контрола, а четири се изгаснати.

Според ЦУК, активни пожари има во општините Василево, Радовиш и Берово – на планината Голем Готен и во Малешевските Планини, каде што гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Активен е и пожарот во село Грешница во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума и сува трева, како и пожарот помеѓу селата Локвица и Крапа, со деградирана дабова шума и ниска вегетација. Пожар има и кај село Бешиште во Прилеп, на местото Бешишки Рид, каде што гори ниска вегетација. Други активни жаришта се регистрирани помеѓу селата Церово и Групчин во општина Желино, во близина на тунелите на автопатот Е-75 кај Демир Капија и кај село Оризаре во Липково.

Под контрола се пожарите кај село Латово во Македонски Брод, помеѓу селата Шурленци и Езерани во Ресен, во атарот помеѓу Царевиќ и Смолани кај Прилеп, како и на потегот од село Штавица кон Чумово, Волково и Прилепец.

Целосно изгаснати се пожарите кај село Николиќ во Дојран, кај село Беловиште во Гостивар, на потегот Џидимирци – Крушје – Иванковци во Велешко, како и во село Речица кај Куманово.

Од ЦУК нагласуваат дека сите служби остануваат на терен и ги следат состојбите со цел навремено интервенирање и целосно локализирање на преостанатите пожари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ