Од Влададта за МКД.мк велат дека Аџигогов е разрешен од функцијата поради промена на законот и враќање на стариот модел на раководење на институцијата, а тоа е со еден наместо со два директори.
„Поради промената на законот кој предвидува само еден директор е направена оваа кадровска промена, со цел почитување на законските одредби“, велат од Владата.
До законските измени, ФЗОМ го раководеа двајца директори. Аџигогов и Клековски дојдоа на функцијата на почетокот на јули 2024 година.
Во јули годинава пак, беше објавено дека Фондот за здравствено осигурување се враќа на стариот концепт и со него нема да раководат двајца директори, туку еден.
Како што кажа тогаш на прес-конференција Клековски, ФЗО покрај директор ќе има и заменик-директор.
„Концептот на раководен орган од два директора кои се подеднакво одговорни за работењето на Фондот се напушта и се враќа концептот на директор и заменик на директорот, што постоеше до 2007 година“, истакна тогаш Клековски.






