среда, 11 февруари 2026

Божиновска – Варнес: Повеќе стратешки проекти во енергетиката за сигурна, одржлива и конкурентна енергетска иднина за Македонија

 Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска оствари работна средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјата, Никол Варнес.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата беше нагласена исклучителната важност на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, како клучен двигател за зајакнување на институционалната соработка, економскиот развој и долгорочната стабилност на државата, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

Дополнуваат дека в.д амбасадорката Варнес ги поздравила заложбите на министерката Божиновска за системска консолидација на енергетскиот сектор и негово усогласување со европските стандарди. Во тој контекст, било разговарано за повеќе стратешки проекти во енергетиката, насочени кон обезбедување сигурна, одржлива и конкурентна енергетска иднина за државата.

Министерката Божиновска изразила благодарност за континуираната и силна поддршка што Република Македонија ја добива од САД во клучните области, вклучително спроведувањето на реформите во енергетиката и поддршка за зелената транзиција на земјата.

„Стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави претставува цврста основа за градење стабилна економија, модерен енергетски систем и силни институции. Нашата определба е јасна – реформи, транспарентност и одржлив развој во интерес на граѓаните“, истакнала министерката Божиновска.

Двете соговорнички ја потврдиле заедничката посветеност за натамошно проширување на економската соработка, интензивирање на инвестициските активности и промоција на демократските вредности, како и заедничките напори во обезбедувањето регионален мир, стабилност и безбедност.

„Средбата претставува уште една потврда за силното и стабилно партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, насочено кон долгорочен напредок и просперитет на државата“, посочуваат од МЕРМС.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ