петок, 20 март 2026

Божиновска-Штајн вон Камиенски: Успешната соработка со КфВ е предуслов за реализација на проекти за стабилен енергетски систем

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска остварила работна средба со новата раководителка на одделот за енергетика во германската развојна банка КфВ за Европа и Кавказ, Бабет Штајн вон Камиенски. На средбата било разговарано за тековните енергетски проекти, како и за продлабочувањето на взаемната соработка на полето на одржливата енергетика, соопштија од ресорното Министерство.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерствто информираа дека на средбата уште се дискутирало за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на КфВ, меѓу кои за втората фаза од ветерниот парк Богданци, како и за енергетските проекти во Битола. Овие инвестиции, како што било истакнато на средбата, ќе ја зајакнат енергетската независност на земјата.

Министерката Божиновска, на средбата, потенцираше дека германската KfW е еден од нашите најважни партнери, преку чијашто поддршка се реализираат клучни проекти во интерес на граѓаните.

Претставниците на КфВ, на состанокот ја потврдија посветеноста за зацврстување на  взаемната соработка во областа на енергетската транзиција, истакнувајќи ја важноста за забрзана транзиција кон обновливи извори на енергија.Тие ја истакнаа нивната заложба за поддршка на Владата со цел обезбедување сигурен и модерен електроенергетски систем и усогласување со европските стандарди.

„Модернизацијата на енергетската инфраструктура и регионалното поврзување ќе ја зајакнат позицијата на Северна Македонија во регионален и светски контекст. Во таа насока, соработката со КфВ за нас е од исклучително значење“, изјави министерката Сања Божиновска.

Соговорниците заклучиле дека соработката и понатаму ќе продолжи, особено во делот на инвестициите во обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност на национално ниво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ