Меѓу нив е и Страшо Маневски од РЕК Битола, со речиси четири децении искуство, кој започнал како сменски инженер, а долгогодишно работел и како технички директор.

Признание добија и Добитници на годинашното признание се Дејан Тоневски – БУЛМАК 2016 ДООЕЛ, Рудник Злетово, Драгољуб Димитровски – БУЛМАК 2016 ДООЕЛ, Рудник Тораница, Златко Пажески – Мермерен комбинат АД, Рудник „Сивец“ Прилеп, Дарко Велиновски – Рудник за олово и цинк САСА ДООЕЛ, Македонска Каменица, Тони Ѓоргиев – Боров Дол ДООЕЛ, Радовиш, Гелберим Думани – Кнауф – Радика АД, Дебар, Шериф Алиу – Ел Транс ДООЕЛ, Гостивар, Аце Маневски – Цементарница УСЈЕ АД, Скопје, Зоран Стојчев – Градежно друштво ГРАНИТ АД, Скопје, Бранко Ѓоргиев – СОПОТ ДОО, Скопје, Сашо Тренчески – ФИМАР БАЛКАН АД, Скопје, Сашо Гиланов – Електрани на Македонија, Рудник Суводол – сите тие, со својата работа и искуство, се симбол на чесност, труд и издржливост.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во обраќање на свеченоста порача дека рударите се темелот на економијата и незаменлива сила без која нема развој и енергетска стабилност.
„Вашата работа е животна мисија, а не само професија. Затоа државата има должност да ви обезбеди подобри услови, поголема безбедност и современа опрема. Но и да покаже јасна решеност дека во рударството нема компромис со законот“, истакна министерката Божиновска.

Посочи дека Министерството во изминатиот период ги засилило инспекциските контроли и теренските посети, а само во последните години биле одземени 45 концесии поради непочитување на правилата.
„Државата ќе ги поддржи сите компании кои инвестираат во безбедноста на рударите, се грижат за животната средина и за локалните заедници. Но, за оние што мислат дека Македонија е место каде правилата не важат, имам јасна порака: времето на компромиси заврши. Законот важи за сите – без исклучок“, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини.
Со свеченоста, потенцираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е оддаено признание на рударите за нивниот труд и пожртвуваност и е испратена порака дека рударството ќе остане силен и одржлив столб на македонската економија – со врвен приоритет секој рудар да биде безбеден и горд кога се враќа дома.







