петок, 19 декември 2025

Божиновска од Лондон: Нашата цел е националните интереси да се инкорпорираат во Берлинскиот процес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес во Лондон, каде од името на Македонија, ја потврди посветеноста на државата за активен ангажман во сите механизми на Берлинскиот процес, како и во рамките на заедничкиот регионален пазар, соопшти попладнево Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

Објавено на

часот

Сподели

Еден од централните фокуси на состанокот било спроведувањето и унапредувањето на Акцискиот план за Заеднички регионален пазар, кој е клучен инструмент за остварување на слободен проток на стоки, услуги, капитал и работна сила во регионот, како и за поттикнување на конкурентноста и економската конвергенција со ЕУ.

„Нашата цел  е да обезбедиме дека националните интереси и приоритети се инкорпорирани, дека реформите се спроведуваат по план, и дека придобивките од регионалната интеграција ги чувствуваат сите граѓани. Воедно, овој состанок претставува можност за размена на искуства, зајакнување на партнерствата, како и координација со меѓународни финансиски институции и други партнери кои можат да дадат поддршка за проекти што носат конкретни резултати. Наша заложба е овие иницијативи да се реализираат во конкретни политики и проекти, со транспарентност, ефикасност и фокус на одржлив развој“, посочуваат од МЕРМС.

На состанокот се разговарало и за поттикнување на инвестициите, особено во зелени и дигитални сектори, за јакнење на регионалната инфраструктура и поврзаноста помеѓу земјите (транспорт, енергетика, дигитална конективност), како и за подддршка за реформските процеси, приближување кон ЕУ-регулативите и стандардите, со што се овозможува појасен и поодржлив пат кон евроинтеграцијата.

„Берлинскиот процес претставува значајна платформа за соработка меѓу земјите од Западниот Балкан и европските партнери, со цел унапредување на регионалната интеграција, економски раст, подобрување на инфраструктурната конективност, како и приближување кон стандарди на Европската Унија“, велат од МЕРМС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ