среда, 7 мај 2025

Божиновска: Македонија и Чешка ги продлабочуваат енергетските и технолошките врски

Технолошкиот развој е клучот за иднината, а меѓународните партнерства се силата што го движи напредокот. Денешниот Енергетско-технолошки форум, организиран од Амбасадата на Чешка во Скопје, беше јасна потврда за тоа.

Објавено на

часот

Сподели

Технолошкиот развој е клучот за иднината, а меѓународните партнерства се силата што го движи напредокот. Денешниот Енергетско технолошки форум, организиран од Амбасадата на Чешка во Скопје, беше јасна потврда за тоа.

На форумот присуствуваа вицепремиерот Изет Меџити, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва. Настанот претставуваше значајна платформа за размена на идеи, искуства ининицирање нови соработки меѓу Чешка и Македонија во областа на енергетиката, технологијата и економскиот развој. Во фокусот беа теми како што се зелената транзиција, обновливите извори на енергија, дигитализацијата и технолошките иновации.

„Дадовме силна поддршка за нови партнерства меѓу институциите, бизнис-секторот и експертите од двете земји. Чешка денес има модерни електрани, експерти што може да ни помогнат – pд енергија до дигитализација – имаме многу што да споделиме, но уште повеќе што да изградиме заедно“, истакна Божиновска

Во рамки на форумот се одржаа и презентации на чешки компании специјализирани во областа на рударството, енергетиката и машинската индустрија. Посебен акцент беше ставен на технолошките решенија за обновливи извори, дигитална контрола на индустриски системи и модерна опрема за производство на енергија и обработка на суровини.

Форумот беше организиран со поддршка на Министерството за надворешни работи и Министерството за индустрија и трговија на Чешка, како и здружението „Чех екстракшн енд мајнинг технолоџи“ (Czech Extraction and Mining Technology).

„Само преку координација на идеи, ресурси и визии можеме успешно да се справиме со енергетските предизвици и да напредуваме на технолошки план“, беше заедничкиот заклучок на учесниците.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ