петок, 5 декември 2025

Божиновска: Контролата на броилата е предуслов за доверба во енергетскиот систем

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамките на учеството на конференцијата „Западен Балкан 20230“ денеска ја посети акредитираната лабораторија за проверка на броила на електрична енергија при Електродистрибуција на Србија, која повеќе од една деценија служи за контролата на мерењето и исправноста на броилата. Посетата следи по реализираната 13-та редовна надзорна оценка на Институтот за акредитација на Република Македонија и Бирото за метрологија при Министерството за енергетика, кои годинава повторно потврдија дека Телото за инспекција на броила целосно ги исполнува барањата на меѓународниот стандард МКС ЕN ISO/IEC 17020. Претходно претпладнево, во Белград беше отворена конференцијата „Западен Балкан 2030 – Пресвртна точка за регионот“, на која присуствуваат министри, претставници на ЕУ, меѓународни институции и водечки бизнис лидери со цел заеднички да ги дефинираат насоките на идниот развој на Западен Балкан.

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на Електродистрибуција пред министерката детално ја презентираше технологијата, постапките и безбедносните протоколи што се применуваат во процесот на метролошко тестирање на броилата. Министерката Божиновска ја разгледа современата опрема, меѓу која и седум испитни станици произведени од германската компанија ЕМХ, и се запозна со инженерите и стручниот кадар кој секојдневно обезбедува прецизно, сигурно и транспарентно тестирање на броилата што ги користат потрошувачите низ целата држава, информираат денеска од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

„Прецизното испитување на броилата е клучен сегмент во создавање доверба кај потрошувачите, бидејќи секој граѓанин треба да биде сигурен дека плаќа за реално потрошена енергија. Резултатите од последната надзорна оценка потврдуваат дека Телото за инспекција на броила на електродистрибуција целосно ги исполнува барањата“, вели министерката Божиновска.

Таа додава дека Министерството за енергетика ќе продолжи со редовни обиколки и контроли на ваквите институции, со цел лично да се увери во точноста, транспарентноста и квалитетот на процесите што се од најголемо значење за граѓаните.

„Ваквите лаборатории мора да бидат модерни, сертифицирани и кредибилни, за граѓаните да знаат дека постои место каде можат да ја проверат исправноста и точноста на своето броило. Тоа е прашање на фер однос, доверба и јавен интерес“, порача Божиновска.

Лабораторијата заедно со министерката Божиновска ја посети и директорот на Бирото за метрологија, Седат Рушани. Од Министерството информираат дека и во Бирото за метрологија ќе биде ставена во функција современата опрема за државна контрола и верификација на броилата, која повеќе години била неискористена. Со ова, граѓаните ќе добијат можност за независна државна проверка на исправноста на своите броила, директно во институција под надлежност на државата, што ќе придонесе за зголемена транспарентност, доверба и правичност во мерењето и наплатата на потрошената енергија.

Од страна на менаџерскиот тим на Електродистрибуција, пак, беше нагласено дека компанијата континуирано инвестира во развој на технологијата и во обука на стручниот кадар, со цел да ја задржи високата прецизност и објективност во испитувањето на броилата.

Од 2012 година, кога Телото за инспекција првпат ја доби акредитацијата, секоја наредна проверка била успешно обновена со позитивна оценка од највисоките државни и меѓународни тела. Телото за инспекција на броила на Електродистрибуција е акредитирано инспекциско тело тип „Б“, кое работи според европските стандарди и опфаќа инспекција на броила за прва, периодична и вонредна верификација, метролошка проверка на квалитетот и вонредна инспекција на исправноста (А-тест), со цел обезбедување точност, сигурност и доверливост во мерењето на потрошената електрична енергија.

Претходно претпладнево, во Белград беше отворена конференцијата „Западен Балкан 2030 – Пресвртна точка за регионот“, на која присуствуваат министри, претставници на ЕУ, меѓународни институции и водечки бизнис лидери со цел заеднички да ги дефинираат насоките на идниот развој на Западен Балкан.

Конференцијата има за цел, како што беше наведено на отворањето, да го истакне потенцијалот на регионот да придонесе за создавање поконкурентна, одржлива и поврзана Европа.
Исто така, беше нагласено дека целта на конференцијата е да се воспостави како годишен форум за дијалог и соработка и како место каде што идеите се трансформираат во конкретни акции и партнерства.

Слоганот на овој собир, кој се одржува во Сава центарот, е „Една соба. Еден ден. Вистинско влијание“.

Амбасадорот на Италија во Србија, Лука Гори, изјави дека процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан денес има ново геополитичко значење и повторно е високо на европската агенда.

„По години замор од проширувањето, војната во Украина донесе нова свест и проширувањето сега е безбедносен елемент за Европа“, рече тој. Гори оцени дека ЕУ мора да ги усогласи трансформативните и геополитичките димензии на процесот, нагласувајќи дека реформите бараат време, но дека геополитичката игра е веќе во тек.

Според енго, ЕУ мора да ги реформира сопствените институции за да биде подготвена да прими нови членови и да го забрза процесот на пристапување.

Тој нагласи дека не можат да бидат задоволни ако само Црна Гора и Албанија влезат во ЕУ, додавајќи дека Италија сака сите земји од регионот да станат членки, бидејќи тоа е единствениот начин да се обезбеди стабилност и просперитет на Балканот.

„Сакаме да ги поттикнеме сите земји од регионот да станат членки на ЕУ бидејќи веруваме дека всушност не можеме да создадеме нови пејзажи само со две земји, мора да имаме сè. Но, тоа не зависи од нас, многу зависи од владите на овие земји, особено од владата на Србија, и ја охрабруваме владата на Србија, особено, да им подаде рака на Црна Гора и Албанија и сите тие да станат нови членки на ЕУ што е можно поскоро“, рече Гори.

Постојаната координаторка на ОН во Србија, Матилде Мордт, изјави дека трансформациите и инвестирањето во луѓето се клучни за постигнување на целите за одржлив развој до 2030 година. Таа рече дека процесот на трансформација е веќе во тек и дека досега се постигнати околу 70 проценти од поставените цели.

Според неа, 2030 година претставува рок за исполнување на Агендата за одржлив развој, но и тој рок да се совпадне со процесите на европска интеграција.

Мордт ја истакна важноста на човечкиот капитал, образованието и дигитализацијата како основа за одржлив раст, додавајќи дека силните институции, доброто управување и создавањето функционално општество се основа на стабилна средина што привлекува инвестиции.

Панелите што се одржуваат се посветени на регионалната интеграција и пристапувањето кон ЕУ, зелената транзиција и дигитализацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ