Како што информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), главниот акцент на средбата беше ставен на реализацијата на енергетската ефикасност кај јавни објекти во државава, што ќе придонесе кон стабилен и одржлив енергетски систем.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството во однос на поскора реализација на обврските според коишто, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3 проценти од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција.
МЕРМС, како што нагласи министерката Божиновска, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од Реформската агенда.
„Реализацијата на енергетската ефикасност претставува крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, подобри услови во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови– со директни придобивки за граѓаните и државата“, се посочува во соопштението од МЕРМС






