понеделник, 15 декември 2025

Божин Павловски за средбата со Жељу Желев: Прв подаде рака на македонскиот народ

Во последниве неполни седум децении Бугарите немаат никакво влијание на македонската духовна сцена. Ни позитивно, ниту пак негативно. До падот на комунизмот тие си живееја како зад железна завеса, не се селеа. На сите начини си вградуваа бугарски патриотизам. Со негативно mислење за нас како Македонци.

Објавено на

часот

Сподели

Но, при нашето осамостојување нивниот голем интелектуалец Жељу Желев прв му подаде рака на македонскиот народ и на нашата држава. Го имав тоа задоволство уште во 1988 година да го угостам во мојата легендарна Мисла, заедно со Ганчо Савов, исто така голем бугарски интелектуалец (сега има 95 гoдини, Бог да му одреди уште подолг живот).

Таа година со Жељу ја договоривме неговата книга „Фашизмот“ да излезе на македонски јазик. Додека шетавме по Широк сокак (студеше, му подарив виндјакна со постава) тројцата зборувавме за големите селидби од Пелагонија. Тие обајцата со Ганчо се чисти Бугари. Жељу тогаш изговори нешто што треба да се запомни. „Вие често грешите кога велите дека имате најголема дијаспора во Америка или Австралија. Вашата најголема дијаспора е во Бугарија“, реле Желев.

Денес, кога ни доаѓаат во посета македонски Американци и зборуваат на својот мајчин јазик, англиски, станува јасно колку Жељу го знаел проблемот подобро од мене. Македонските Бугари си имаат свој мајчин јазик, но го слават нашиот фолклор, си пеат наши песни затоа што нивните предци тоа го понеле со себе кога се иселувале пред стотина години. Една третина од Бугарите, според Жељу, имаат корени во Македонија. Која е разликата меѓу македонските Американци и македонските Бугари? Па индоктринацијата, брате мич. Ова е Балкан, катче на митомани. Овде мртвата глава зборува. Овде легендата е посилна од разумот.

Белешка на академик Божин Павловски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ