среда, 7 јануари 2026

Божиќна порака на Сиљановска: Човековата насушна потреба од чинењето добри дела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод големиот христијански празник Божиќ, посакувајќи мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели.

Објавено на

часот

Сподели

„Со особена чест и голема почит, Ви го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, денот на раѓањето на Богомладенецот и Спасителот на светот, во кого се сплотија и лицетворија во совршено единство, божествената и човековата природа. Од срце посакувам мирот божји да го завладее секој православен дом, исполнувајќи го со божјите добродетели. Рождеството Христово, и по повеќе од два милениума, нè вдахновува со неизмерна љубов и бесконечна добрина, хармоничност и мир, потсетувајќи нè на давањето безусловена помош, поткрепа и утеха на сите оние на кои тие им се потребни“, истакнува претседателката Сиљановска Давкова.

И годинава, вели претседателката, божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела.

Таа порачува да му се радуваме на животот и да придонесуваме за доброто на заедницата.

„Да ги отвориме ширум нашите срца за сите ближни, та, така сплотени во соборноста, да ја креираме и градиме благосостојбата на македонското општество. Христос се роди“, вели претседателката Сиљановска Давкова во честитката до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање, до архиепископот Охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ