понеделник, 15 декември 2025

Борците од Тетово бараат да имаат кандидати за градоначалници

Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија –НОАВМ и граѓаните продолжувачи од Тетово денеска преку соопштение изразија загриженост и упатија реакција по одлуките на најголемите македонски политичките партии ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ да се откажат од кандидирање градоначалник на Општина Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Од Сојузот на Борци им порачаа на ВМРО-ДПМНЕ и на СДАСМ дека е неприфатливо Тетово да биде нивниот влог во изборните комбинаторики.

„Еден политички субјект мора да креира политики и да се вложува со сите потенцијали за целокупен развој на секое населено место во земјава, а со тоа и за благосостојба на секој граѓанин без разлика на неговата националност, припадност или определба. Одлучувајќи да не учествуваат во изборите за градоначалник на Општина Тетово најголемите и најстарите политички субјекти ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ размислиле ли каква порака испраќаат? Размислиле ли во чии раце го оставаат Тетово? Неприфатливо е Тетово да биде нивниот влог во изборните комбинаторики! Прифаќањето на чисто етничкото гласање како непроменлив факт, негативно се одразува врз избирачката еманципација на граѓаните, но и врз квалитетот на политичката понуда“, велат од Сојузот на борци Тетово.

Во соопштението Сојузот на борци истакнува дека ваквиот потег ја „отвора врата“ граѓаните алтернативно да изберат некоја граѓанска опција наместо досегашните како што велат веќе искажани наративи.

„Сепак, во лошото се крие и една убава можност. Можноста заедно да поддржат независна кандидатура, за граѓаните на Тетово од сите етникуми да можат да избираат алтернатива на сивилото кое им се нуди од квази балистичките и националистички политички наративи со кои ќе се зачинат по правило најавените понуди, празни по суштина. Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи повикува на созревање и разбирање на неопходноста за повеќе од потребното национално обединување и надминување на ниските партиски интереси“, пишува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ