недела, 14 декември 2025

Борбата со пожарот во Јасен продолжува

Пожарникари, специјалци од армијата и полицијата, вработени во ЈП Јасен… полициски и армиски хеликоптер, ер-тракторите на ДЗС, хермелини, пинцгауери… и денеска се распоредени по краците од огнената стихија во ловиштето Јасен. И ноќва таму противпожарните екипи се обидуваа да го локализираат овој пожар кој трае веќе повеќе од една недела.

 

Објавено на

часот

Сподели

Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување утрово изјави дека пожарот почна да се шири кон објектите на ловиштето Јасен и кон ресторанот на брегот на езерото Козјак.

„Пожарот се шири кон селото Брезница и кон  Скопје. Но, засега противпожарните препреки, појасите што беа направени го спречуваат тоа и не дозволуваат огнот да се префрли кон другата страна. Утрово почнавме да правиме нов противпожарен појас. На терен веќе делуваат полицискиот и армискиот хеликоптер, а наскоро ќе полетаат и ер-тракторите на ДЗС“, изјави Ангелов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ