Оваа иницијатива е во насока на обезбедување континуитет во третманот и грижата за најмладите пациенти, наведуваат од Министерството за здравство.
Воедно, додаваат дека ја следат состојбата и по нормализирање на водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле, непречено ќе продолжи хоспитализацијата на пациентите во оваа јавна здравствена установа.






