„Ние кажавме дека од ова нема да правиме политика, но очигледна е намерата некрофилски политички да се поентира. Негов е ставот што избрал да биде талог на општеството. Ние ќе го прифатиме ова барање, но сметаме дека сите оние кои тој ги повикува да бидат присутни, треба да бидат исконсултирани за термин, бидејќи не сметаме дека оваа комисија треба да биде одржана на ист ден кога е и Собраниската седница за расправа на буџетот. Многу е важно буџетот да биде донесен, бидејќи во наредната година тој е документот што обезбедува функционалност на државата, исплата на плати, исплата на пензии и сите оние работи кои што општеството треба да ги прибави од буџетот.
Нека не биде седницата на тој датум, да избереме друг датум кој што им одговара на сите тие кои што треба да бидат присутни и ние тоа ќе го поддржиме. Така што одговорот е, ајде да седнеме, да се договориме за датум што ќе биде прифатлив за сите засегнати страни и ќе го поддржиме одржувањето на таквата седница и ќе учествуваме на истата“, рече Стојановски.






