сабота, 13 декември 2025
Локални избори 2025

Богдановиќ: Во Центар требаше да се намалат 14.000 м2 простор за градба, а сега има 150 активни градилишта

Поранешниот градоначалник на скопската општина Центар, Саша Богдановиќ на својот Фејсбук-профил, прави споредба на состојбата со градбите во општината, односно колку неговиот наследник се придржувал до ревидираните планови за градба, направени за време на неговиот мандат до пред 4 години, во соработка со граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

„7:52 наутро, улица Васил Ѓоргов, населба Капиштец.

Кога се ревидираа плановите, се дисциплинираа градбите и во најголем дел од соработката со граѓаните се усогласивме каде има простор да се гради, а каде не – сè со цел подобрување на условите за живот на секој центарец. За 4 години се кажува дека се издадени (податок од дебатите а локалните избори) скоро до 400 одобренија (не се сите за гради, има и а реконструкции, кровови, итн.) но факт е  дека има над 150 активни градилишта. Многу одобренија се издадени за кратко време, а притоа се сменети само три плана и никаде, не се сменила инфраструктурата. Ревидирањето на плановите (вкупно 9 се ревидираа) донесе да се намалат скоро 14.000 м2 за градба и многу објекти кои беа на државно земјиште да се пренаменат во градинки (како градинката во Пролет), паркови и игралишта (како паркот а велосипеди пред Олимписки базен), да се прошират зелени површини и површини  за игралишта, школи и градинки.

Денес го имаме ова. Луѓе доцнат на работа, ученици доцнат на училиште, а децата доцна се носат во градинка“, пишува на својот ФБ-профил, Саша Богдановиќ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ