понеделник, 8 декември 2025

Богородица и Меџитлија блокирани од грчка страна, на граничниот премин Дојран се чека 30-40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај, од 11 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез, на ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, а на ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради  зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во земјата.

На ГП Дојран за излез од земјава се чека 30 минути, а на граничниот премин Табановце времето на чекање за излез е 40 минути. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ