петок, 20 февруари 2026

Блокада во Блатец, жители од сите генерации излегоа на барикади против хидроцентралата (ФОТО)

Неколку стотици жители на виничкото село Блатец денеска преку протестна блокада порачаа дека нема да дозволат на реката Блатешница да се изгради хидроцентрала, за што Владата ѝ дала концесија на приватна фирма од Кочани.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Блатец денес беше место на масовен протест, откако жители од сите генерации се собраа на блокада против најавената изградба на хидроцентрала. Меѓу присутните имаше и постари луѓе и многу млади, кои застанаа заедно во, како што велат, одбрана на природата и локалните ресурси.

Демонстрантите истакнаа дека нивниот отпор не е од инает, туку од загриженост за водата, животната средина и иднината на местото. Порачаа дека нема да дозволат проект што може да го загрози регионот.

На протестот присуствуваше и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, кој им даде поддршка на жителите и најави институционална помош за побрзо решавање на ситуацијата.

Жителите велат дека протестите ќе продолжат додека не се обезбеди, како што наведуваат, заштита на природните богатства и интересите на локалното население.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ