Од РЕК Битола информираат дека по неколколкудневни напори за санација на ормарот за електроуправување на Блок 2, кој како што е познато беше опожарен на 18 јуни, попладнево повторно е пуштен во употреба и е синхонизиран на електродистрибутивната мрежа.
Сомнежот за саботажа во РЕК Битола го истражуваше МВР и се очекува информација од спроведената истрага.